Во Македонскиот народен театар утре во 12 часот ќе се одржи комеморација посветена на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.
– Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа – соопштија од МНТ.
Крстева (1938-2023) беше погребана завчера на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во јавноста беше позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Како актерка прво била вработена во Драмски театар, а во 1964 година преминала во Македонскиот народен театар каде останала сé до пензионирањето.





