Филмскиoт фестивал за млади „Џифони патува“ денеска и утре ќе го посети Делчево. Настаните ќе се одржат во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“.
На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе ја направи позабавна актерката Зорица Нушева која ќе одржи и актерска работилница. Покрај тоа ќе има и фотографска и киковна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност.
„Џифони патува“ во изминатите недели ги посети средношколците во Виница и во Свети Николе, каде предизвика голем интерес.






