Германскиот „Кожурец“ во Кинотека

Во Кинотека на Македонија вечерва во 20 часот ќе биде прикажан германскиот „Кожурец“ во режија на Леони Крипендорф. Улогите ги толкуваат: Лена Урзендовски, Јела Хасе, Лена Кленке.

Кожурец“ учествуваше во официјалната програма на Берлинале 2020 година и беше номиниран за наградите „Сребрена мечка“ и „Теди“ во програмата наменета за младите гледачи (Generation 14-plus). Учествуваше и на фестивалите во Сао Паоло (Бразил) и Гвадалахара (Мексико).

Берлинската населба Кројзберг е микрокосмосот на Нора – тивок набљудувач, секогаш тагира на социјалните мрежи: на забавите, в училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите ,се шлаат по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги минувачите: девојчиња што сакаат да бидат витки и убави, момчиња што ,тресат’ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Сето тоа забележано со камерите на паметните телефони…“.

Сподели