Гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“ распиша конкурс за книжевни творби инспирирани од стихови на Ацо Шопов и Илија Карајанов. Повод за повикот е 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и 80-годишнината од раѓањето на поетот Илија Карајанов.
Творбите може да бидат есеи, проза, поезија, или драмски текстови, а како автори може да се јават сите граѓани кои творат на македонски јазик, без возрасни ограничувања. Книжевните дела да бидат напишани на некоја од следниве теми, инспирирани од стихови на двајцата македонски поети:
1. Вечноста од мене до твојата небиднина (А. Шопов)
2. Ќе може ли песната да го памети поетот во времето – море, без почеток и крај? (И. Карајанов)
3. Модар јаглен гори во утробата на зборот (А. Шопов)
4. Ќе ги најдеме ли клучевите за тајните двери и ковчези додека животот невидливо поминува? (И. Карајанов)
5. Да бидеме подобри од црвеното срце на лебот (А. Шопов)
6. Писмото – сономорје, соноглед и крик (И. Карајанов)
Текстовите, потпишани со шифра, до 30 јуни може да се испратат на bibliotekagevgelija@yahoo.com или по пошта, наадреса: ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ул. „Васо Карајанов“ бр. 1, 1480 Гевгелија.





