„Фустани со џебови“: Продолжува мисијата на Халкбанк за финансиска слобода и рамноправност на жените

Креативната кампања „Фустани со џебови“ на Халкбанк посветена на поддршката на жените, продолжува и годинава, а собраните средства повторно ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории. Платформата која Халкбанк посветено започна да ја гради минатата година, чија цел го има градењето и поддршката на финансиската и економската самостојност на жените и преку која беа директно донирани средства во Женскиот интервентен фонд, оваа година ги вклучува македонските дизајнери Јована Филиповиќ, Mарјан Бебекоски, Ирина Тошева и Наталија Терзија. Тие повторно преку своите уникатни креации ќе бидат дел од продажната кампања.

Централната фигура во овие креации е џебот, инкорпориран како детаљ кој најчесто отсуствува од женската гардероба, која традиционално се изработува низ историјата. Џебот во овој контекст служи како симбол за финансиска слобода и рамноправност. Најавното видео го означува почетокот на уште една од низата активности на Халкбанк, посветени на мотивирање на бизниси основани и раководени од жени.

Сподели