„Бура и продор“ на Теа Беговска вечерва во Драмски

Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик! Перформансот „Бура и продор“ во режија на Теа Беговска ќе биде изведен вечерва во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје. Изведбата е дел од неделата посветена на независната театарска сцена во земјава.

Учествуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим

– Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура. Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време – вели тимот на претставата.

Сподели