Формиран тимот за Европската олимпијада по физика во Германија

Петмина средношколци ќе ја преставуваат Македонија на 7. Европска олимпијада по физика која ќе се одржи од 16 до 20 јуни во Хановер, Германија. Нашата земја ќе ја претстават Јан Стојановски, Матеј Гелев и Алексиј Тасиќ од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје, Мајкл Георгиевски од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци и Емилија Николовска од Математичко-информатичка гимназија од Скопје.

Тие постигнаа најдобри резултати на селекциониот натпревар по физика што се одржа на 1 март на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учество на натпреварот го организира Друштвото на физичарите на Македонија.

Сподели