Пријавете се на работилница за применет театар

Во тек е повикот за шестдневна интензивна работилница за применет и партиципативен театар кој од 31 март до 9 април ќе се одржи во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ во Скопје. Целта на работилницата е да креира контекст во кој учесниците ќе ги разменат, прошират и надградат своите знаења и вештини во областа на театарот. Работилницата ќе ја водат Јелена Вуксановиќ и Демир Мекиќ од Србија и Алесандро Ола (Италија/Шпанија).

– Запознавајќи се и со сензорниот театар и амбиенталниот (site-specific) театар учесниците ќе ги истражуваат можностите кои ги нуди применетиот и партиципативен театар за адресирање на важни и горливи општествени проблеми. Низ процесот тие ќе ги развијат своите идеи и ќе ги обликуваат во социјално ангажирани перформативни уметнички акции кои ќе бидат изведени за публиката на последниот ден од работилницата – велат од „Центар-Јадро“.

Пријавувањето е до 26 март. Повеќе информации на линкот.

Сподели