Фонд од 100.000 евра – освојте стипендија со Avenga Academy

Во просториите на Avenga Academy (поранешно Seavus Education and Developing Center) во Скопје и во Охрид во сабота (14 јуни) од 11 до 14 часот ќе се одржи годишниот ден со предизвици (Challenge Day). Денот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат на некоја од академиите што ги нуди академијата – продажба, UI/UX дизајн, дигитален маркетинг, тестирање на софтвер и други.

– Avenga Academy е еден од водечките едукативни центри за практично ИТ образование и на учесниците им нуди пристап до напредни обуки и можност за стипендирање до 70 отсто. Секоја пријава вклучува учество во селекциски тест кој ќе се решава на самото место, а најуспешните кандидати ќе добијат стипендии како дел од наградниот фонд во вредност од 100.000 евра – велат од Академијата.

Секој кандидат може да аплицира само за една академија. По завршувањето на предизвикот следува дел за опуштање со диџеј, дружење и опуштање во соработка со Прокредит банка, бургери, пиво и добра атмосфера.

Сите заинтересирани може да се пријават и да побараат повеќе информации на: academy@avenga.com

Контакт: 075 334 547 (Скопје) / 078 341 777 (Охрид)

Линк за пријавување.

Сподели