Три филма ќе бидат прикажувани во Кинотеката во Скопје до крајот на јануари. Станува збор за филмови од различни кинематографии, различни содржини, перцепции. Прв стартува „Домаќинство за почетници“ на нашиот режисер Горан Столевски кој живее во Австралија. Проекциите почнаа синоќа, а следната ќе биде утревечер во 20 часот. Филмот ќе има неколку проекции нареднава недела.
Гледачите ќе имаат можност да ја видат македонско-грчко-германска „Зад стоговите сено“. Месечната програма се заокружува со проекцијата на „М“ во режија на Вардан Тозија.
Целата програма на линкот.





