Филмови за албумот „Као какао“ и за Френк Запа на „Скопје синема сити“

Два документарни филма ќе бидат на програмата на вториот ден на фестивалот „Скопје синема сити“, што се реализира во Кинотеката. Во 19 часот ќе биде прикажан „Као какао – Вкус на успехот“. Филмот е во продукција на МРТВ, а автор е Александра Јовановска. Документарниот филм за албумот „Као Какао“ е по повод 35-годишнината од објавувањето на ова ремек дело. Во филмот гостуваат Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан, Кирил Џајковски, Братислав Зафировски Брацо и Иван Бечковиќ. Влезот за оваа проекција е слободен.

Во 20 часот ќе следува филмот „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“. Филмот е за легендата Френк Зап, кој во 20 век, остави свој белег како музичар и независенуметник како никој претходно во Америка. Со својот иконокластичен став и пристапкои ја водат неговата музика, а која самата била предводена од неговиот цврстинтелектуален интегритет, Запа бил незапирлива сила во популарната и класичнатамузика. Овој документарен филм го покрива неговиот живот и работа со помош наархивски снимки. Неговата борба со политички сили кои сакале да го ограничат илитабуата кои ги рушел како и размислувањата за музиката и животот создаваатуникатен портрет за Запа, но раскажан со негови зборови.

Фестивалот беше отворен синоќа, при што му беше врачена наградата за животно дело за остварување на полето на филмската музика на Џијан Емин.

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура и од Кинотека.

Сподели