Велешкиот театар, Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби”, како и македонскиот театарски контекст, вчера успешно беа претставени на Меѓународниот театарски форум во Јужна Кореја. Во присуство на бројни директори на театри и фестивали од сиот свет, директорот на Велешкиот театар имаше презентација на продукциите, ансамблот и го претстави фестивалот „Стоби” како значајна платформа за меѓународна соработка.
Театарската асоцијација на Јужна Кореја, како и учесниците на форумот, го препознаа велешкиот театар како значајно место за развој на театарските естетики и соработки. Меѓународниот форум е последниот дел од 42. издание на Корејскиот театарски фестивал, а во повеќедецениското постоење на фестивалот, проф.д-р Сашо Димоски е прв член на жири-комисијата кој доаѓа од странска држава.





