Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска и утре ќе се одржи Фестивал на класична и нова музика. „Фестивал во 19:19“ е нов проект на КИЦ чија тенденција е да прерасне во традиција.
Вечерва од 19.19 часот ќе настапат: Дуо „Гелебешеви“, Дуо „Вејсели/Бафтијари“ и Аmplidyne effect & Аxiotomic. Утревечер во истиот термин на прохграмата се елегични песни и мелодии со Трио Имери/Арифовска/Кацарски, „Калата“ и Improof.





