„Фантазија“ е насловен концертот што Македонската филхармонија традиционално го одржува под отворено небо секоја година во јуни. Концертот е закажан на вообичаената локација во Градскиот парк во Скопје, а ќе се одржи в петок (13 јуни) во 20.30 часот.
Филхармонијата под раководство на харизматичниот диригент Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе исполни незаборавни мелодии од безвременски филмови на Волт Дизни. Солистички ќе настапат Биљана Јосифов, сопран, Денис Димоски, тенор и Иван Наумовски, бас-баритон. На програмата се дела од филмовите „Малечката сирена“ (Under the Sea), „Убавицата и ѕверот“ (Be Our Guest, Duet), „Херкулес“ (Go the Distance), „Покахонтас“ (Just Around the Riverbend) и многу други.





