Новинарот Тони Димков 35 години остава траен медиумски печат од културната сцена во Македонија. Речиси нема тип на медиум низ кој Димков како културен хроничар и новинар не прошол и оставил белег со своите интервјуа, разговори, текстови, информации. „Културен печат“ е неговото дело кое излегува секоја сабота, а го подготвува самиот. Димков е гостин во 16. епизода на „Умен поткаст“. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб-каналот 101PodcastStudio. Следете нè и заследете нè (Subscribe).





