Под слоганот „Млади за млади“ вечерва во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар. Фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. Сите пари од продажба на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, за помош на настраданите во стравотниот пожар.
Концептот е подготвен во соработка со „Стереолаб“, а со поддршката од „Телеком“. Летната сцена вечерва ќе ја отвори скопскиот бенд „Фанкшуи“ и артистката Спејсд.
Повеќе информации на линкот.





