Европски престолнини на културата за 2024 година се Боде во Норвешка, Тарту во Естонија и Бад Ишгл во Австрија. Повеќе од 1.000 манифестации ќе се одвиваат низ огромниот регион Нордланд, кој се протега на околу 800 километри. Боде е град кој плени со арктичка природа, а Bodø2024 се води како најголемиот културен настан во рамките на манифестацијата.
Тарту е древен универзитетски град, центар на науката, образованието и на културата во Естонија. Бад Ишгл е позната туристичка дестинација во Австрија, живописно алпско гратче во близина на Салцбург, каде некогашните австриски благородници оделе на одмор.





