Researchnet.mk ќе биде точка каде ќе се среќаваат научниците од цел свет што се родум од Македонија и ќе се отвораат можности за нови соработки, рече д-р Никола Стиков, професор на Институтот за биомедицинско инженерство на Политехничкиот универзитет во Монтреал, Канада на онлајн-промоција на новата веб страница. Ове беше еден од најчитаните текстови на Умно.мк во изминатата година. Платформата е дел од Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје кој беше инциран пред две години токму од македонски научници кои работат на странски универзитети. Во кризата што ја предизвика ковод-19, Стиков и д-р Кирил Гаштеовски ја формираа научната група „С(ц)иеста“ и еднаш неделно почнаа да се среќаваат на блогот „Кантарот“. Полека се создаде сериозна група на научници кои работат на различни полиња и од нив произлезе идејата во рамките на УКИМ да се формира Центар кој ќе ја крене науката во Македонија на едно сосема друго ниво. Целиот текст на линкот.