Три града, во Грција, Романија и во Унгарија ја понесоа титулата Европска престолнина на културата за 2023. Елефсина, Темишвар и Веспрем ја презедоа титулата од градовите Каунас, Еш и Нови Сад кои лани беа Европски престолнини на културата.
Елефсина е родното место на старогрчкиот трагичар Есхил. Програмата за манифестацијата е наречена „Мистерии на транзицијата“, инспирирана од мистичните ритуали во антиката што се одржувале во чест на божицата на земјоделството Деметра и нејзината ќерка Персефона.
Темишвар е некогашниот мост меѓу австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија.
Програмата во Веспрем го опфаќа и регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Организаторите велат дека ова е можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем.
Проектот „Европска престолнина на културата“ почнал во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Градовите се избираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија, да го промовира учеството и активното вклучување на жителите на градот, заедниците и различни засегнати страни за да придонесе за долгорочен развој на градот и околниот регион.





