До 25 јануари е отворен конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на Григор Прличев што го обрави охридската библиотека шт го носи името на преродбеникот. Конкурсот е на тема „Прличев и ние“, а може да се пријават сите млади од општините Охрид и Дебрца од 15 до 30 годишна возраст. Беседата треба да има до 3.000 зборови, напишана во фонтот „ariel 12“.
– Текстовите не смеат да содржатат политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка – велат од Библиотеката.
Беседите треба да се испратат под шифра на адресата: konkurszanajdobrabeseda@gmail.com, а авторот треба да ја наведе само возраста. Шифрите на трите наградени беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари на веб-страницата на Библиотеката, социјалните мрежи, порталите и други медиуми. Наградите на најдобрите тројца автори ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ што ја организира библиотеката „Григор Прличев“.





