Еразмус+ ни помогна да научиме за други култури, да ги подобриме своите социјални вештини

Бевме охрабрени да организираме настани што би инспирирале други да работат на нивното физичко и ментално здравје. Преку различни активности и методи секој учесник ја доби шансата да биде активен, да развива меки вештини, да се чувствува вклучен – вели Благојче Секулоски од И.О од Кичево.

Четириесетина средношколци од седум европски кон крајот на летото имаа можност да научат повеќе за своите култури, благодарение на проектот Including you(th). Домаќин на гостите беше извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево, а дел од активностите се реализираа и во И.О „Скаут“ во Струга. Проектите на Еразмус+ се секогаш провокација и можност да се рашири личниот поглед на свет кај младите, да запознаат свои врсници од други земји, но да ја претстават и својата држава.

– Проектот Including you(th) e дизајниран да го донесе најдоброто од вас и да ви даде нови искуства, знаење и перцепции. Проектот им дава на учесниците можност да се вклучат во повеќе полиња, професионално и лично. Научивме многу нови алатки и методи. Социјалната инклузија, развивање комуникациски и организациски вештини, а многу важно и вклучување во активност и да се биде иницијативен. Бевме охрабрени да организираме настани што би инспирирале други да работат на нивното физичко и ментално здравје. Преку различни активности и методи секој учесник ја доби шансата да биде активен, да развива меки вештини, да се чувствува вклучен – вели Антонио Трпески од И.О од Кичево.

Средношколци од Хрватска, Германија, Шпанија, Грција, Кипар и Чешка, како и од Македонија, една недела се дружеа во Струга.

За учесниците од Кипар, идејата да учествуваат на ваков проект била за да можат да сретнат нови луѓе од други земји, да учат за нов јазик, култура, а на тој начин и да ги подобруваат своите комуникациски вештини.

– Храната и културата беа слични со нашата и ни беше прекрасно искуст о да сме во Македонија, тимот што не пречека си ја заврши работата одлично. Исто така, многу учевме и за историјата на Македонија, и можеме слободно да го наречеме нашиот проет „учење преку забава“. Луѓето беа толку пријателски настроени, што се чувстувавме како да сме дома, се надевам дека еден ден ќе бидеме и ние во позиција на домаќини во Кипар и ќе им ја покажеме нашата гостопримливост, кујна и култура – вели тимот од Кипар.
Забавно учење и дружење, вака со три збора би го издефинирале нивниот престој во Струга.

-Имавме многу магични моменти во проектот, споделувајќи емоции секој ден еден со друг, обидувајќи се да научиме за културата на другите преку танц, пеење, зборување покрај оганот, играјќи забавни игри и обидувајќи се нови активности. Целиот проект беше магичен за нас, тури и најситните работи. Идејата беше да станеме свесни за активностите што се реализираат на отворено и од придобивките од времето поминато надвор. Сите други активности беа одржани од сите земји поединечно. Работење заедно беше многу важно – велат тие.

Секој ден имаше фокус на одредена земја. Ние како македонски тим одлучивме да направиме нешто што не е вообичаено. Првата активност ни беше театар, велат организаторите.

-Ја избравме оваа форма затоа што можеме да работиме заедно, да испратиме порака преку мисли и емоции. Работење во групи, па псоле избравме соодветна локациај и секој да покаже што научил. Најинтересното беше отпосле по кога сите коментиравме како било, што ни се допаднало, а што не. По оваа игра следуваше активност наречена Scout ball, односно извидничко топче, што секој може да ја изведе. Се игра во два тима. Овие две активности мн не обединија и поврзаа. Исто така ние како членови на извидчни обред им покажавме наши извдинички способности – велат организатоите.

Ова патување дефитивно создаде нови блиски пријателства и можности за нови соработки.

Сподели