Елена Божиновска, младата Македонка што ја доби реномираната награда Emerging Europe

Младата Елена Божиновска ja доби реномираната награда Emerging Europe за младински инфлуенсер на годината во Централна и Источна Европа за нејзината работа во поттикнување на општествени и правни промени за младите со помалку можности. Божиновска извесен период живее во Италија и е стипендистка на италијанската Влада, таа е на магистерски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Рим, насока бизнис менаџмент и иновации.

Елена е една од ретките инфлуенсерки кај нас која своето влијание на социјалните мрежи го користи за да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Таа деновиве ја доби и на наградата 13 Ноември од Град Скопје од областа на хумантирна активност за посебен придонес за правата на децата.

Елена иако е доста млада, долги години се занимава со хуманитарна работа, а децата и младите од самохрани и еднородителки семејства и борбата за нивни права е нешто на кое е многу посветена и се труди на секој можен начин да им помогне. Овие две награди се само дел од низата награди кои Божиновска ги има добиено изминативе години.

Сподели