2 сребра, 2 бронзи и 2 пофалници за нашите математичари на ИМО во Осло!

Македонската репрезентација постигна одлилчни резултати на Интернационална математичка олимпијада што се одржува во Осло, Норвешка. Со два сребрени медали од норвешката метропола ќе се вратат Дамјан Давков и Никола Спировски (со освоени 29 поени). Бронзени медали освоија Блаже Суклевски (27) и Јан Стојановски (24), а пофалници добија Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева.

Водач на нашиот тим на 63. ИМО беше Илија Јовчески, а заменик-водач – Мирко Петрушевски. Освен Давков, кој заврши деветто одделение во ОУ ,,Ванчо Прќе”, сите останати се ученици во приватната гимназија ,,Јахја Кемал” од Скопје.

Од 104 земји, Македонија го освои 39. место. Нашата репрезентација годинава го надмина и ланскиот голем успех, кога беа освоени еден сребрен медал (Дамјан Давков), два бронзени (Никола Спировски и Блаже Суклевски) и две пофалници – Лука Грашковски и Јасна Илиева.

Сподели