Два бронзени медали и две пофалници освоија нашите олимпијци на 5. Балканска олимпијада по физика, што се одржа во Драч, Албанија од 23 до 25 јуни, информираат од Друштвото на физичарите на Македонија. Бронзени медали освоија Искра Нечаковска, ученичка во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола (бронзен медал) и Дамјан Стојанов, ученик во втора година, ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

Матеа Митревска, ученичка во втора година, ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освои пофалница и награда за целосно решена задача, додека од Драч со пофалница се врати Андреј Стојановски, ученик во втора година, ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.
Тимот го предводеа проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје и претседател на ДФРМ и Гоце Геговски, виш лаборант на ПМФ во Скопје.





