Меѓународниот проект резултираше со јавни презентации на крај на процесот каде учесниците ги претставија своите уметнички креации на тема еколологијата, односно климатските промени.
Драматургот Дејан Дуковски, Иванка Апостолова Баскар од Македонскиот центар на ИТИ и кореографката Искра Шукарова во изминатите две недели беа дел од интересно гостување на Медитеранската академија на авторите (Accademia Mediteraneа del Atore) во Лече. Тие одржаа серија предавања во насока на драмско пишување, визуелна драматургија и кореографска драматургија. Проектот резултираше со јавни презентации на крај на процесот каде учесниците ги претставија своите уметнички креации на тема еколологијата, односно климатските промени. Јавните презентации се реализираа во Градската библиотека на Лече.

Проектот The East Side of The Stage кој започна да се реализира годинава е поддржан од страна на Министерство за култура на Италија и Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт.
Се одлучивме да тргнеме од иницијавите на двата манифеста од почетокот на 20 век, како што се дадаистичкиот на надреалиситите и манифестот на футуристите. Да ги искористиме за структура, па одлучивме учесниците кои беа од различни генерации да прават драмски манифести – манифести на воздухот, на флората, фауната, огнот, објаснува Апостолова-Баскар.
– На нашите соработници им требаат само неколку насоки и создаваат нивните дела. За движењата и мизансценот беше одговорна Искра Шукарова. Ова искуство е многу значајно за нас двете, зашто можностите на визуелната драматургија се многу. Морам да признаам дека нивните пристапи беа многу луцидни, ангажирани, нашите учесници создадоа оптимистички и песимистички верзии на климатските промени. Меѓу учесниците имавме и професорка по физика, која имаше пооптимистичен поглед и тврдеше дека катаклизми не се можни, оти било какво климатско изместување, милиметар од тие процеси трае со 1000 години. Таа сугерираше да ги смениме нашите лоши навики, пред се, надевајќи се дека промените ќе ги имплементираат и корпорациите, кои се најмногу виновни за климатските промени – вели Апостолова-Баскар.

Кореографката Шукарова истакнува дека позитивниот придонес во проектот веројатно ќе значи нови соработки помеѓу овие земји и уметници.
Навистина ми беше задоволство да бидам дел од процесот во кој бевме вклучени со цел да се реализира соработката со Акадмија Медитеранеа од Лече каде целта беше да се најде заедничка нитка помеѓу партнерите од регионот со Италија.

– Особено сум горда што проектот во кој влеговме беше поддржан од Министерство за кулутура на Италија. И уште од сега бидејќи се сите партнери задоволни и од нашиот придонес во проектот се дебатира за продолжување на соработката и следната година. Како тим сме компактни и се надополнуваме со Иванка како ко-ментори во проектот и секако со Дејан Дуковски со кој сум соработувала на повеќе драмски поставки како кореограф. Би ја истакнала наградуваната „ММЕ кој прв почна“.
Во проектот учествуваат и партнери/организации од: Србија, Косово, Албанија и Италија (AMA – Accademia Mediterranea dell’Attore di Lecce) Mittelfest Association (Italy); MALTE (Music, art, literature, theatre, etc.); A.Lib.I. artisti liberi indipendenti; A.T.K. Albanian Theatre Association, ATACA lternative Theatre Active Company; Artistic Utopia; Quendra Multimedia (Скопје 2023)





