Дружината 091RunCrw организира трчање од 5,17 км во чест на Скопје

Дружината за трчање 091RunCrw во чест на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, в среда на 26 јули ќе организира симболично трчање. Ќе се трчаат 5,17 км, во знак на часот во кој пред точно шест децении се случи земјотресот, а во позадина ќе се трча на една од поубавите песни за Скопје во изведба на „Импулси“

Рекреативната трка ќе започне од тартан патеката кај „Ласер Таг“ во 05:17 часот, ќе трчат до Музеј на град Скопје и ќе се вратат назад. Настанот е отворен е за сите заинтересирани.

– Секоја среда и недела имаме настани посветени на заедничко трчање и дружење. Оваа среда 091RunCrW Skopje ја посветува на Скопје со рекреативно трчање. Самото име 091RunCrW Skopje претставува силна врска со градот и во таа чест ќе ја одбележуваме 60- годишнината од катастрофалниот земјотрес со симболични 5,17км – велат ентузијастите од 091RunCrW Skopje.

Сподели