ДПМ го повлече конкурсот за ликовен портрет на Радован Павловски што сакаа да го платат со книги

Друштвото на писателите на Македонија го повлече конкурсот за ликовен портрет на поетот и академик Радован Павловски, чиј автор, според пропозициите требаше да биде платен со комплет книги. Повлекувањето следува по обраќањето на претседателката на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, Јана Манева-Чупоска до ДПМ.

– ДЛУМ и јас како претседателка, го контактиравме претседателот на ДПМ, денеска конкурсот е повлечен – вели Манева-Чупоска.

Конкурсот на ДПМ беше инспирација за ликовниот уметник Тони Попов портретот на Павловски, насликан во 2020 година вчера да го продаде за 300 денари во рамките на онлајн перформансот на Фејсук. Целиот текст прочитајте го тука.

Сподели