ДПМ го објави конкурсот за годишните награди

Друштвото на писателите на Македонија го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди за дела објавени во 2025 година. Писателите ќе може да конкурираат за наградите: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и „Мост“ – за најдобра книга објавена на некој од јазиците на заедниците во земјава.

Право на учество со сопствено дело или како членови на жирито имаат сите активни членови на ДПМ кои во просториите на писателската асоцијација треба да достават четири примероци до делото, лично или по пошта. Конкурсот е отворен до 23 декември во 15 часот.

Сподели