„Нерешки мајстори“ на ДЛУМ за Родољуб Анастасов

Престижната награда „Нерешки мајстори“, Друштвото на ликовните уметници на Македонија му ја додели на професорот Родољуб Анастасов, на Годишната изложба што беше отворена во

Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Уметничкиот Совет исто така ги додели наградите за сликарство на Елена Гелева и на Зоран Бошковски за графика.

ДЛУМ додели благодарници на сите соработници и пријатели кои биле дел од реализацијата на програмата: на директорот на скопската Универзалана сала, Горјан Христовски, на Јаким Зимоски, директор на Музеј и галерија од Кавадарци за изложбите ,,Мал формат“ и „МиниАРТура“ и на Маја Чанкуловска-Михајловска виш кустос во Националната галерија на Македонија за за долгогодишна соработка со ДЛУМ.

Изложбата во „Мала станица“ ќе биде отворена до 22 декември.

Сподели