Филмот „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, во продукција на „Лист продукција“, вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Битола ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Филмот кој имаше светска премиера на Венецискиот филмски фестивал во септември и ги собра сите пофалби од светскаа филмска критика, ќе биде промовиран од дел од актерската екипа, режисерот Столевски, продуцентката Марија Димитрова.
Освен овој филм на Столевски, во ова издание на фестивалот ќе бидат прикажани уште 78 филма, околу 400 гости од кои 160 од странство и 50 ВИП личности ќе бидат во Битола. Ќе бидат прикажани извонредни филмови во главната селекција од фестивалоте во Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан.
Повеќе за програмата на фестивалот, на следниот линк.





