Доделување на наградите „Оскар“ по 97. пат

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе се одржи 97. издание на доделувањето на филмските награди „Оскар“. Македонската телевизија традиционално ќе врши директен пренос од доделувањето. Вклучувањето во живо ќе биде ноќва, 30 минути по полноќ од црвениот килим, а во 1 часот наутро почнува манифестацијата.

Церемонијата ќе ја води Конан О’Брајан, а во шоуто ќе учествуваат Роберт Дауни Џуниор, Килиан Марфи, Опра Винфри, Хали Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хоун, Селена Гомез и други.

Американската академија за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите филмови во 2024 година. Најавено е присуство на бројни филмски и музички ѕвезди, кои ќе настапат или ќе бидат презентери на наградите. Шоуто ќе трае до раните утрински часови по македонско време.

Скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува на МТВ утревечер од 21.15 часот.

Сподели