Манифестацијата „Смилевски конгрес“ која годинава ја живее втората година од основањето најавува богата содржина пролетва. Манифестацијата „Смилевски конгрес 2025“ ќе се одржи од 1 до 7 мај. Ова се само дел од содржините.
На 1 мај е закажана трибина со видни професори за значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст.
На 2 мај ќе се одржи прва фестивалска вечер „Омаја“, посветена на квалитетната традиционална музика и култура, со музички настапи на две музички групи. Првата група ќе биде изненадување, а централниот настан на вечерта ќе биде настапот на музичкиот состав „Зарина Првасевда“ на големата бина на сретсело во Смилево. Истражувачкото студио за храна, наука и уметност (ХНУ) проследено со музички настап на група ќе го обојува амбиентот околу куќата на Даме Груев (мала сцена). Сето тоа ќе биде проследено со уметнички инсталации во куќата на Даме Груев и околу целото село со гости од Грција и македонски уметници.
На 3 мај е закажана R’N’T – ритам и плетка, посветена на авторска квалитетна музика. Ќе настапи групата „Фолтин“ на која ќе ѝ претходи предгрупа. Танцов и фотографски перформанс ќе имаат балерината Ивана Коцева и фотографот Сашо Алушевски. Следува музички перформанс и изложба на уметнички инсталации во кооперацијата на село Смилево и куќата на Даме Груев.
На 7 мај предвидена е трибина за потенцијалите и можностите за туристички развој на селото Смилево со неговата околина и за важноста на Манифестацијата Смилевски конгрес во заживување и културно-туристичко одржување на целиот демирхисарски крај.
Налсовна фотографија: Архива / Манифестација „Смилевски конгрес“





