До вечерва на полноќ може да гласате за Европската жена на годината, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Можете да гласате под фотографиите на секоја од седумте кандидатки, на фб-постот на Делегацијата. Кандидатки се: Алмира Фасљии Муарем, Марија Дуда, Катерина Котевска-Стисниовска, Елмедина Абдулахи, Греса Мустафаи, Ана Витанова-Рингачева и Далиборка Златева.

Секоја од жените-кандидатки е претставена од една од амбасадите на седум земји кај нас.
Најдобрата ќе биде прогласена утре на настан што ќе се одржи во Националната опера и балет во 10 часот во Скопје.





