До 8 ноември на полноќ се продолжува рокот за аплицирање во Министерството за култура

Поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.

Од Министерството нагласуваат дека во последните 24 часа пристигнале над 800 пријави. Оттаму апелираа во изминатата недела да не се чека последниот момент за аплицирање.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги

Сподели