До 16 јануари отворен повикот за поддршка на ученици од социјално загрозени семејства

Нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта од социјално загрозени семејства објави Министерството за образование и наука објави. На повикот може да се пријават родителите на сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае до 16 јануари.

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец не треба повторно да конкурираат. Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Помошта е дел од 9. пакет антикризни мерки на Владата заобезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи. Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај годинава.

Повеќе информации на линкот.

Сподели