„Црно сонце“ од Ацо Шопов најава на музичкиот проект „Ветрило“

Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на новиот музички проект „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет. Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружуваат Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски кој го работеше и аудиомиксот и мастерингот на песната.

Видео записот во режија на Дејан Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска а монтажата е на Небојша Илијевски. „Црно сонце“ е и најава за албумот на Ветрило кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори. Повеќе информации на линкот. 

Сподели