„ДЛУМ оставен и заборавен“, „Бараме галериски простор“ – порачаа ликовните уметници

„Бараме галериски простор“, „Ние сме ДЛУМ“, „ДЛУМ оставен и заборавен“, „Ура за култура“ – ова се дел од пораките кои членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ги упатија синоќа на отворањето на Годишната изложба во Мала станица во Скопје. Ликовните уметници побараа, меѓу другото, да се реши нивното прашање со немање своја галерија, проблем што ги мачи со децении.

Ѓорги Динев – Без наслов тех-комбинирана дим

ДЛУМ ги додели и наградите на своите членови во неколку категории. За најдобро дело од областа на сликарството е награден Ѓорги Динев (Без наслов тех-комбинирана дим 100х70см 2021), од областа на графиката – Стефан Младеновски (Без наслов, акватинта, сува игла, 100х70см, 2022), од областа на скулптурата – Синиша Новески („Семејство откорнати“, бронза, 46х30х30см, 20210) и од нови медиуми – Ирена Паскали („Сочувство со земјата “, видео, 2 мин 2022).

Стефан Младеновски (Без наслов, акватинта, сува игла)

На изложбата се застепени 55 автори, членови на ДЛУМ.
                                                     Синиша Новески („Семејство откорнати“, бронза)
Ирена Паскали („Сочувство со земјата“)
Фотографии: ДЛУМ

 

Сподели