Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава „Ла ла ла!“. Кореограф е Саша Евтимова, идеен креатор и на костимите. Белетските уметници ќе танцуваат на македонски шлагери.
Настапуваат: Саша Евтимова, Ангела Велевска, Христина Наќевска, Симона Колиштркоска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска Хорсеау, Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос и други.
Билетите по цена од 100 денари ќе се продаваат на билетарницата од Центарот. „Ла ла ла!“ е за оние што сонуваат. Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, велат организаторите.
– Никој не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање како една добра стара музичка лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и испише една нова страна во книгата на нашиот живот – велат во најавата за претставата.





