Те сакам секој ден! Една е мајка! Омилената наставничка се памети цел живот! Среќен 8 Март! Пригодни честитки за претстојниот празник подготви тимот на Умно.мк. Честитките се целосно македонски производ, а ги подготви графичката дизајнерка Катарина Пренда. 20 отсто од продажбата ќе бидат донирани за лекувањето на младиот Леонид Индов.

Честитките се на преклоп во 2 димензии, големи и мали, во продажба се на повеќе локации во Скопје, а може да се купат и во Гевгелија. Количините се ограничени. Поддржете независното новинарство, македонското производство и помогнете му на Лео да живее.
Исто така, ги охрабруваме и фирмите, институциите, општините, да помогнат во оваа мисија и да им подарат на своите колешки умно и симболично. За повеќе информации, пишете ни на contact@umno.mk или на нашата Фб-страница.
Честитките во моментот можете да ги купите на следните локации, како и онлајн на www.mitra.mk.
1. ТРИ – (ГТЦ, Дебар Маало, Ист Гејт, Веро Џамбо)
2. Полица – (Наспроти гимназијата „Јосип Броз-Тито“)
3. Чудна шума – (Кај Универзална сала)
4. Антолог – (До гимназијата „Јосип Броз-Тито“)
5. Топер – (ГТЦ и Буњаковец)
6. Story Box – Сити мол и Рамстор
7. Книжарница Еквус, Карпош 2
8. Леон кинг играчки – (Т.Ц. Бисер, Аеродром)
9. The Book Shop, Гевгелија
10. Добар бар (Ѓорче Петров)
11. Tuc Tuc (Карпош 2 и Близу Универзална)
12. Anželika-Art, Кисела Вода (Комплексот кај „Стопанска банка“)
13. Цвеќарница Passion (Кисела Вода кај Чешма)
14. Гифт шоп „Дореа“ (Расадник)
15. Бруталиск (На „Илинденска“)
16. Буква (Кај Дом на АРМ)
17. Concept 37 („Рузвелтова“)
18. Литература.мк (Сити мол, Дајмонд мол, Ист гелт мол)
19. Lab Cafe (Центар, покрај Европски универзитет)
20. Клуб Матица
21. Fancy Flower boutique (Веднаш до клуб Матица)







