Отворена дискусија на тема „Интеграција на лицата со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во нивното секојдневие“ ќе се одржи денеска во 10.30 часот во Europe House Скопје.
Клучни говорници на дискусијата се шпанскиот амбасадор во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија, Васко Кичевски, претставник од Владата, Дрита Аслани од Министерство за труд и социјална политика, Мила Карадафова-Ангеловска, извршен директор од Центарпт за младински активизам „Крик“ и Александар Василевски, лице со попреченост.
На дебатат ќе присуствуваат претставници од граѓански организации, претставници од општините, лица со и без попреченос. Во рамките на дискусијата ќе бидат презентирани видеа од позитивни практики на лицата со попреченост во општеството.





