Панел дискусија за борба против трговија со луѓе

Борба против трговија со луѓе е темата на панел дискусијата денеска во 10 часот ќе се одржи во хотелот „Лимак“ во Скопје. За овој глобален проблем кој влијае врз животите на милиони луѓе неопходни се координирани и заеднички акции, партнерства во сите области на интервенција: превенција, заштита и гонење.

На панелот ќе се обратат Ана Екстед, специјален амбасадор за борба против трговијата со луѓе во шведското Министерство за надворешни работи, Жан-Клод Бруне, амбасадор за борба против транснационалните криминални закани во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Џеф Голдштајн, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Светлана Влаховиќ-Димановска, заменик национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
На дискусијата ќе учествуваат и претставници на ИОМ, Националниот центар за жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство – Отворена порта/Ла Страда, Македонското здружение на млади правници-МЗМП, Националната комисија и Јавното обвинителство.

Учесниците ќе разговараат за тековната состојба, за предизвиците и заканите што се појавуваат во време кога светот се соочува со пандемијата од ковид-19 и новиот феномен на зголемена (зло)употреба на интернетот за цели на експлоатација. Панелот го организираат амбасадите на Шведска и на Франција во земјава и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Наловна фотографија: Pixabay

Сподели