Ретроспективна изложба на дела од битолската ликовна колонија „Нижополе“ денеска во 12.30 часот ќе биде отворена во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ќе бидат изложени 20 слики од исто толку уметници, кои низ годините учествувале на колонијата.
Ова е само мал дел од големото богатство на колонијата која постои од 2000 година. На колонијата „Нижополе“ во изминатите две децении учествувале и твореле повеќе од 300 учесници од земјава и од странство, кои создале преку 700 уметнички дела.





