Дино има атипичен развој, ама растура на тапани! Да му помогнеме да добие нови

„Тапани за Дино“ е насловот на целодневниот музички хуманитарен настан кој во сабота (1 април) ќе се одржи во „Бруталиск“ во Скопје. Целта е да се соберат пари за нови тапани за Дино Рамо, лице со атипичен развој.

– Тоа не му пречи да растура на тапани! Но, му требаат нови, зашто старите му се уништени од „лупање“. Бидејќи Дино не може да си ги овозможи, решивме на 1 април да направиме хуманитарен настан и како од шега да собереме пари и да му ги купиме новите тапани – велат организиторите, „Театар Пи“, во соработка со „Арт бригада“ и „Бруталиск“.

Водител на целодневниот настан е актерот Игор Ангелов. Ќе има поставено кутија за донации, а во остварувањето на сонот на Дино, ќе помогнат многу музичари.

Донации може да се уплатат и на жиро-сметка:
Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи
Жиро сметка: 200002429693434 Стопанска банка
Цел на дознака: Тапани за Дино

Повеќе за целата програма на линкот.

Сподели