МОН го распиша повикот за парична награда за освоени медали на научните олимпијади

Министерството за образование и наука го распиша јавниот повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади, на ученикот и на наставникот што го подготвувал ученикот за олимпијадата. Може да се придават ученици-државјази на РСМ запивани во средно училиште и наставник вработен во средно училиште.

МОН ќе додели поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци.

Повеќе за потребната документација, на следниот линк.

 

Сподели