Бизнисменката Дијана Стојковска е избрана во престижната програма „40 под 40“ на Business Elite Awards и со тоа стана дел од најуспешните и амбициозни бизнис лидери на возраст под 40 во Југоисточна Европа за 2023 година. Стојковска, сопственик и главен менаџер на My Dealer – компанија која е лидер на пазарот во продажба на специјални возила, како дел од годинашната престижна програма „40 под 40“ на 15 јуни ќе присуствува на гала вечера во луксузниот Ciragan Palace Kempinski во Истанбул. На гала вечерата ќе присуствуваат сите номинирани во оваа категорија и официјално ќе им бидат врачени наградите.
Со искуство во многу различни гранки, нејзината кариера се проширува во неколку индустрии од кои таа се искачува од позиција на вработен кој „жонглира“ од работа на работа – до сопственик на признаена компанија со врвен бренд. Со голема храброст, посветеност и одлучност, таа влегува во „машкиот свет“ и ги инспирира и поттикнува жените да заборават на сите наметнати општествени правила кои ги спречуваат да ги остварат своите животни цели и соништа.
– Стојковска ги поместува границите и поставува нови стандарди и правила за тоа како со различен пристап кон вашите вработени, заедно со нив, можете да ја искачите компанијата на врвот – пишува Business Elite Awards за 38-годишната бизнисменка од Македонија.
„Мој Дилер“ под водство на Стојковска постигнува големи резултати и успешно се пробива дури и надвор од домашните граници. Компанијата е препознаена од МАТТО (Македонско-турска стопанска комора) – ја имаат нивната поддршка и стануваат нивна Платинум членка.
– Нејзиниот ангажман во хуманитарна работа и вклученоста во многу значајна невладина организација за поддршка на млади во социјален ризик, ја прави вистински претставник на бизнис лидерите од новата генерација вредни за следење – заклучува Business Elite Awards.





