Дела од Елена Чагороска изложени во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е првата самостојна изложба на историчарката на уметност и ликовна уметница Елена Чагороска. Таа се претставува со 49 дела со автентичната ликовна експресија. Нејзините дела се одликуваат со креативна, разиграна колоритност и непресушна/неисцрпна имагинација, вели историчарката на уметност, Викторија Димеска.

– Во многугодишната уметничка исполнетост, таа експериментира со разни техники и со разиграна имплементација ни ја доловува својата ризница. Постојаната инспирација и длабоката фантазија ја соединуваат со уметноста и ја водат кон нови подизи и експресии на уметничкото платно – вели таа.

Чагороска дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група историја на уметност со археологија. Од студентските денови објавува статии за уметноста и археологијата во весниците „Нова Македонија“, „Вечер“… Од 1980 година работи во Државниот архив во Прилеп. Од 1984 година пишува ликовна критика и отвора самостојни и групни изложби на уметници од Прилеп, Македонија и од странство. Активно пишува во тогашниот неделник „Народен глас“, потоа во списанието „Деница“. Авторка е на повеќе трудови од ликовната уметност.

Сподели