Детски ликовен конкурс на тема „Научна фантазија“

Ликовен конкурс на тема „Научна фантазија“ распиша платформата „Наука за деца“. Може да учествуваат сите деца кои ја сакаат науката и имаат бујна фантазија својата креативност да ја преточат во цртеж.

– Нека им дадат крилја на рачињата да ни кажат што им мислат мозочињата! Сакаме да собереме што повеќе цртежи и од најубавите да направиме изложба во рамки на втората Конференција на „Наука за деца“, која ќе ја организираме наесен – велат од „Наука за деца“.

Конкурсот е во тек и ќе трае до 15 јули. Ќе има интересни награди. За начинот на пријавување повеќе на линкот.

Сподели