Повеќе од 16.000 волонтери учествуваат во акцијата „Генералка викенд 2023“ која од денеска до недела ќе биде спроведена во 53 општини и 450 училишта низ Македонија. Тие ќе собираат отшад од локациите мапирани од страна на секоја општина поединешно. Акцијата по трет пат ја организираат „Мен енд Маунтен“ во соработка со повеќе компании и институции.
– Кога целото општеството соработува заедно, можеме да направиме промени: Да се извалкаме и да исчистиме! – вели Гордана Софија од „Мен енд Манутен“.
Атмосферата од „Генералка викенд 2023“ во живо ќе биде пренесувано на линкот.