Денови на хрватскиот филм во Кинотеката

Со филмот „Устав на Република Хрватска“ од 15 до 20 септември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи ревија „Денови на хрватски филм“. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Филмот на Грлиќ е од 2016-та година, а главната улога ја толкува Небојша Глоговац.

Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска. Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „На се’ ќе дојде крај“ (Svemu dođe kraj) од 2024 година, во режија на Рајко Грлиќ. Музиката за овој филм е на Дуке Бојаџиев .

Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.

Сподели