Книжевна вечер преку разговори за три книги ќе се одржи вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во рамките на 9. издание на фестивалот „АртАреа“.
Во 19 часот е закажан разговор за книгата „Антисвет“ од Ана Тодоровска (Илика, 2025), а разговараат Марија Велинова и авторката. Во 20 часот фокусот е на „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски (Бегемот, 2025). Со Марковски ќе разговара Владимир Мартиновски. Во 21 часот ќе се одржи разговор за книгата „Збирно место“ од Тони Димков (Бегемот, 2025). Разговорот ќе го водат Филип Димевски и Димков.





